Продолжуваме со капитални инвестиции – населбата Македонка конечно ќе биде приклучена на градскиот водовод.
Денес градоначалникот оствари средба со жителите на населба Македонка, досега реализиравме многу проекти, а продолжуваме и понатаму.
Обезбедени се средствата за изведба на нова водоводна линија со што конечно населбата ќе биде приклучена на градскиот водовод. Во моментов ги чистиме и атмосферските канали.
Во оваа населба досега е завршено продолжувањето на пешачката патека до самата населба, поставување на урбана опрема и партерно уредување на детско игралиште, поставени се нови клупи на пешачката патека од населба Македонка до населба Балканска.
Исто така го бетониравме и дворното место пред зградата позната како Самачка и бетонирање на два крака од улицата Брегалничка.