Денеска градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов ги започна и интензивира разговорите со советодавното тело за економски и бизнис прашања, за работи на Градоначалникот.
Ова тело е сочинето од претставници на бизнис сектор и ваквите средби се од особено значење, битејќи е неопходна размена на идеи со цел унапредување на градот.
Идејата и главната цел како општина е да изградиме партнерски однос со приватниот сектор, да ја зацврстиме соработката и со меѓусебна поддршка да придонесеме за доброто на градот.
Ваквите средби, како денешната, отвараат можности и перспективи, за обезбедување инвестиции од приватниот сектор во општината, со разработка на планови, за градба на нови производствени капацитети.
Со силна општина и силен приватен сектор, со меѓусебна доверба во работата, ќе успееме да ги унапредиме условите во градот во секој сегмент од секојдневното живеење.