Денес Градоначалникот Д-р Сашко Николов оствари средба со АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности, на која се потпиша меморандум за соработка.
Преку активностите на проектот ќе се зајакнат капацитетите на локалните чинители во следните области:
Финансиска транспарентност на буџетот на општината, парафискални трошоци и јавни набавки, мониторинг, застапување, градење партнерства и јавни претпријатија.
Посебни цели на проектот вклучуваат:
Да се зајакнат капацитетите на локалните граѓански организации и на мрежата Фиксас, да станат активни чинители во процесите на финансиска транспарентност во општината, да се подобри буџетот на општината и транспарентност на парафискалните давачки, да се воспостави дијалог заснован врз докази, со повеќе засегнати политики за следење на финансиската транспарентност и градење ефективни општински политики и да се зголеми јавната свест за придобивките што ги дава повисоката транспарентност, отчетност и одржливост за граѓаните и бизнисите, во нивните улоги и капацитетите да дејствуваат на локално ниво.