Бобан Николов е вистински спортски амбасадор на Општина Штип. Минатата година Бобан испиша историја за фудбалот и спортот во нашиот град. Одличните настапи во дресот на Македонската фудбалска репрезентација, настапот на Европското првенство, како и настапите во Лига на Шампиони за фудбалскиот клуб Шериф Тираспол, ќе бидат вечно запишани во спортските архиви на Општина Штип. Пред почетокот на втората полусезона, остварив средба со штипскиот спортски амбасадор, со желба за уште поголеми успеси оваа година.
СПОДЕЛИ