На 18.02.2022 година во Маврово се одржа државно првенство во скијање на кое учествуваа 350 ученици. Од Општина Штип учествуваа 19 ученика од основните и средните училишта. Ученичката Сара Димитровска како преставник на Гимназија “Славчо Стојменски” освои 1 во место во својата категорија.
На средба со Градоначалникот заедно со својот ментор Сашко Богатинов поразговараа за постигнатиот успех, за негувањето на скијањето и постигнување на одличните резултати. Градоначалникот ѝ ја честита победата на Сара Димитровска и освојување на златниот медал и истакна дека скијањето како спортска категорија е многу важна за психофизичката активност на младите спортисти, кои вака млади и надежни ќе допринесат за развој и афирмирање на град Штип и Република Македонија.