Општина Штип доделува 13 стипендии и 4 еднократни парични награди на учениците од Општина Штип за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари во учебната 2021/2022 година.
Стипендиите и еднократни парични награди се доделуваат согласно Ранг-листата од Комисијата за наградување на учениците од Општина Штип за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари, врз основа на спроведениот Јавен повик за пријавување на ученици за доделување награди и стипендии за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари со архивски број 09-6502/1 од 31.10.2022 година
Стипендиите се доделуваат за период од 12 месеци, за учебната 2022/2023 година.
Стипендија во износ од 3.000,00 денари месечно, се доделува на:
- Дамјан Давков
- Иван Костевски
- Марио Ванчоски
Стипендија во износ од 2.500,00 денари месечно, се доделува на:
- Теодора Стојчевска
- Даниел Христов
- Дора Милева
Стипендија во износ од 2.000,00 денари месечно, се доделува на:
- Стефан Гулиќ
- Драган Костадинов
- Сара Јакимовска
- Дијана Арсова
- Ана Арсова
- Јована Митева
- Андреа Кукушева
Еднократни парични награди во износ од 30.000,00 денари се доделува на прворангираните четворица кандидати, кои ги исполнуваат условите за добивање еднократни парични награди:
- Дамјан Давков
- Иван Костевски
- Марио Ванчоски
- Теодора Стојчевска
Ги информираме сите наградени и стипендирани ученици, дека финасиските средства за стипендиите и еднократните парични награди се обезбедени од Буџетот на Општина Штип за 2022 и 2023 година. Исплатата на износите за месеците септември, октомври, ноември и декември од оваа година (2022), ќе им бидат исплатени до крајот на годината, а останатите месечни износи, последователно, ќе им бидат исплаќани за секој изминат месец, заклучно со август 2023 година, на нивната трансакциска сметка.
Општина Штип им се заблагодарува и им честита на сите ученици кои се пријавија на огласот, а особено на наградените, на нивните ментори и раководни тимови во училиштата, за постигнатите резултати и успеси, како и за подршката да го претставуваат училиштето, градот и Македонија и секако на нивните родителите.
Ова е новина во делот на основното и средното образование во Општината, доделувањето на еднократни парични награди и стипендии на ученици кои постигнале значајни резултати, односно освоиле награди на државни и меѓународни натпревари и би сакале да истакнеме дека претставува заложба на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, како и на членовите на Комисијата за наградување, бројот на наградени и стипендирани ученици во иднина да се зголемува.