Општина Штип ги известува сите правни субјекти и физичките лица дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Закон за даноците на имот како и од Законот за комунална такса(фирмарина) започнува постапка за присилна наплата на ненаплатените побарувања по основ на годишниот данок на имот и годишната такса за фирма (назив на деловна просторија) за 2022 година.
Во месец јули Општина Штип ги дистрибуираше опомените за данок на имот и комунална такса(фирмарина) за 2022 година до сите правни и физички лица кои поседуваат недвижен имот и вршат дејност на територија на Општина Штип.
Од причина што рокот во којшто требаше да се изврши наплатата на заостанатиот долг по доставената опомена е поминат по основ на неплатениот годишен данок и комунална такса односно фирмарина (назив на деловна просторија) за 2022 година, Општина Штип изготви решенија за присилна наплата кои ќе почне да ги доставува до даночните обврзници.
Ги повикуваме сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, дека треба да ги подмират своите обврски.
Напоменуваме дека доколку по добивањето на ваквото решение не го подмират долгот , ќе се изготви решение за блокада на сметките на обврзниците во банка.
Воедно ги повикуваме сите оние кои имаат по повеќе објекти во нивна сопственост да достават соодветен документ(изјава,договор за плодоуживање или договор за закуп) со што ќе докажат дека објектите се користат, бидејќи со измената на законот за даноците на имот се зголемуваат стапките на данок на имот за имоти кои не се користат и не се пријават дека не се користат.