Штип се грижи за своето културно наследство. Штип заедно со Општина Карбинци како приоритет претставува проект до Центарот за развој на Источен плански регион кој ќе ги аплицира за финансирање до Бирото за регионален развој.
Нудиме подобрување на туристичката сигнализација и инфраструктура во Источен плански регион – електрификација и партерно уредување на археолошкиот локалитет Баргала и конзервација и реставрација на споменикот на културата Саат Кула во Штип. Вкупната вредност на заедничкиот проект е нешто повеќе од 11 милиони денари, од кои околу 5.600.000,00 денари се наменети за конзерваторско-реставраторски работи на Саат Кулата во Штип.