Општина Штип заедно со бугарската општина Белица во наредните две години ќе искористат над 400.000 евра за културен туризам, но и за рехабилитација на Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ и реставрација и конзервација на црквата „Свети Власиј“ на тврдината Исар.
Од овие средства 221.034 евра се наменети за општина Белица, а 185.187 евра за Центарот за развој на Источен плански регион.
„Ова е значајна инвестиција која ќе обезбеди реконструкција и реставрација на црквата „Свети Власие“ која се наоѓа на тврдината Исар, а датира од поодамна и е во дотраена состојба,“ изјави градоначалникот Бочварски.
Вториот дел од проектот претставува изградба на пристапна патека кон црквата од западната страна, а третиот дел опфаќа осветлување на пристапната патека и на црквата „Свети Власие“ со украсни канделабри.