Општина Штип започна со реконструкција на една од главните артерии во централното градско подрачје, а тоа е улицата Љубен Иванов.
Оваа улица подолг период беше во дотраена состојба и голема потреба за граѓаните бидејќи води до Клиничкиот центар во Штип.
„Се работи за 3100 метри квадратни нова асфалтна површина и сума на чинење е 2,1 милион денари. Ова е сериозна артерија во градот и верувам дека многу од граѓаните ќе видат бенефит од нејзината реконструкција,“ истакна градоначалникот Бочварски.
По завршувањето на оваа состојба со пандемијата Општина Штип ќе продолжи со реконструкција на улиците Коле Неделковски, Сајбие Демир и крак од Булевар ЈНА.