Започната е реконструкција на асфалтната површина кај местото Аргач во централното градско подрачје. Се работи за дотраен паркинг простор кадешто едно од барањата на граѓаните беше поставување на нова асфалтна површина.
Се работи за 900 метри квадратни асфалтна површина и цена на чинење од околу 408.000 денари.
Дополнително во овој дел ќе се пристапи и со партерно уредување на 600 метри квадратни паркова површина.
Овој дел ќе биде уреден со бехатон, паркови клупи, метални корпи за отпадоци, канделабри и комплетно озеленување на просторот со украсни дрвја и декоративни садници.
Оваа инвестиција дополнително ќе чини 1,8 милион денари.
Градоначалникот Бочварски истакна дека се работи за барање на граѓаните од централното градско подрачје но и значајно место за сите граѓани кои гравитираат во овој дел од градот.