Од 21 до 23 февруари во Ресурсниот центар за родовоодговорно креирање политики и буџетирање на UN Women , во Скопје се одржа работилница за размена на искуства на координаторите/ координаторките за еднакви можности на дел од општините.
Цел на работилницата беше да се даде поддршка на координаторите/ките во примената на родовоодговорно буџетирање и вклучување на родовата перспектива во локалните политики, програмии буџети на општините преку размена на искуства на добри практики, споделување на предизвиците со кои се соочуваат и идентификување следни чекори.
Тоа се постигна преку:
- Споделување на добри примери – практики и резултати кои се постигнале
- Споделување на предизвици со кои се соочуваат при извршувањето на обврските како
- координаторки но и пошироко, предизвици со кои општината се соочува при примена на
- РОБ.
- Можни решенија – акциски и менторинг план за 2024
Најпрво на обуката консутантите од Ресурсниот центар имаа презентација за законските обврски на општините поврзани со родовата еднаквост кои произлегуваат од Законот за еднакви можности на жените и мажите и Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 како и од меѓународната законска регулатива и пракса. Покрај тоа, беа презентирани и постигнатите успеси и досегашниот прогрес во примената на родовата перспектива во локалните политики и програми.
Во таа насока, Општина Штип, претставувана од градоначалникот Иван Јорданов, кон крајот на 2023 година, потпиша нов Меморандум за соработка со UN Women, со што се обврза на понатамошно продолжување на соработката со оваа организација на полето на родовата рамноправност.
Наредниот ден беа споделени добри практики и успеси на општините при имплементација на рододво одговорното буџетирање, како и предизвици со кои се соочиле координаторките и членовите на интерсекторските групи за родова рамноправност при обидите за воведување на родовата перспектива во општинските програми и буџети, а тие предизвици се:
- Родова анализа
- Родови индикатори
- Мониторинг/собирање податоци
На крај се дискутираше за предизвиците при известувањето на општините до МТСП за состојбите на полето на еднаквите можности на мажите и жените, односно за слабостите на урнекот за Годишен извештај кој општините еднаш годишно имаат обврска да го достават до МТСП-Секторот за еднакви можности.