Во текот на денешниот ден се одржа првата седница на Локалниот Совет за превенција.
Со претставници од надлежните институции се дискутираше за:
– безбедноста во сообраќајот, во насока за надминување на ризикот од сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди и смртни последици, со цел изнаоѓање на заеднички решенија за намалување на вака споменатите незгоди;
– состојбите во населените места каде има зголемено ниво на дејства надвор од позитивните законски прописи, преку заеднички организирани акции на Општина Штип, Јавно обвинителство, МВР, јавните претпријатија, ЕВН, медиумите и невладините органзации.
Само со организиран пристап, меѓусебна соработка и постојано делување на терен, ќе обезбедиме безбедни услови за живот за сите граѓани на Општина Штип.