Денеска, В.Д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов оствари средба со претседателот на ФФМ, Муарем Сејдини во својот кабинет и потпишаа договор за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Штип.
Договорот ги содржи меѓусебните права и обврски помеѓу договорените страни, односно ФФМ и Општина Штип.
В.Д. Градоначалникот, Миланов истакна дека му е огромна чест што започнува со изградба еден ваков проект кој ќе значи многу за Штип и штипјани.
„Денеска потпишавме договор за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Штип. Овој договор ги содржи нашите меѓусебни права и обврски. Придобивките од оваа трибина се огромни не само за спортот во Штип, туку и за љубителите на спортот,“ истакна В.Д. Градоначалникот, Миланов.
Претседателот Сејдини потврди дека ова е многу значајна инвестиција не само за Штип туку и за цела држава.
„За една година Штип ќе добие целосно нова западна трибина со капацитет од 2400 места и со подтрибински простори. Секако Општина Штип ќе инвестира и во реконструкција на источната трибина, така што Штип ќе добие модерен стадион каде ќе може да настапува и нашата репрезентација,“ истакна Сејдини.
Локалната самоуправа придонесува Штип и штипјани да добијат нов и модерен градски стадион, посетуван од целата држава. Капиталните инвестиции остануваат приоритет на Општина Штип.