Во посета на општина Штип денеска беше замник претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
Заменик претседателот на Владата, Битиќи заедно со замник градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов ја посетија штипската компанија Актива, каде заменик претседателот имаше можност да се запознае со инвестициите на оваа успешна компанија.
„Се наоѓаме во посета на една од поуспешните компании „Актива“ од Штип и ова е пример како нашите компании знаат да одговорат на предизвикот, прво на пандемијата, а потоа да покажат како треба да сте конкурентни на домашниот, регионалниот и светскиот пазар.
„Актива“ зпочнала во 1999 година со домашен компјутер на децата на сопственикот, за да денеска прерасне во компанија којашто вработила 500 лица од Штип и регионот или со преку 30 милиони евра годишен обрат,“ истакна на изјавата по посетата, Битиќи.
Во 2018 година оваа компанија „Актива“ потпишала договор на финансиска поддршка на инвестиции од страна на државата, кадешто Владата треба да ги следи инвестициите на оваа компанија во циклус од наредните 5 години.
„Очекуваме дебата за четвртиот пакет мерки кои ги донесе Владата на Република Северна Македонија кои ќе придонесат за подобрување на функционирањето на нашите компании во услови на пандемија,“ кажа заменик градоначалникот Јане Миланов.
Заменик претседателот, Битиќи заедно со заменик градоначалникот, Миланов остварија средба и со стопанствениците од Штип, кадешто детално се разговараше за четвртиот пакет мерки и директната помош од Владата за стопанствениците.
Битиќи истакна дека е важно сопствениците да продолжат да инвестираат, затоа што само така се покажува како македонската економија ќе биде конкурентна на светскиот пазар и успешните домашни компании ќе се најдат на вредносниот ланец на странските инвеститори.