При денешната посета на СОУ “Јане Сандански” , Градоначалникот на Општина Штип,Иван Јорданов, истакна дека неговата визија е секое училиште да има модерни услови за престој на учениците. Во СОУ “Јане Сандански” имаше можност да се запознае со тековните проекти, а со директорката на оваа институција да поразговара за идејата за современ образовен процес.
Во моментов во училиштето се врши реконструкција на вратите, извршено е набавка на компјутери за кабинетот по информатика, проекти вредени над 2.000.000 денари.
Ќе работиме интензивно, за секој наш ученик да има достоинствена училишна средина!