В.д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и претставници од Источен плански регион беа во посета на сензорната соба во детската градинка „Астибо“, проект реализиран во соработка со Министерство за локална самоуправа и Швајцарската амбасада.
Овој проект има за цел подобра интеграција на децата со потешкотии во развојот од регионот, во образовниот систем и во општеството.
„Со овој проект покажуваме дека вложувањето во иднината на децата со попречување во развојот, е најблагородна инвестиција.
Проектот чини 2,1 милиони денари, а имплементацијата е од страна на Центарот за развој на Источен плански регион,“ истакна Миланов.
Оспособувањето на лицата со попреченост во развојот значи нивно целосно интегрирање и оспособување во општеството.