На денот Рождение Христово, водејќи се од поривот да подаруваме и да живееме со понизност и чесност, ги посетив бебето Јована и мајката Марија, на кои им беше скратена можноста да го добијат тоа што го заслужуваат. Првото родено бебе во 2022 година, токму на Божиќ ги доби своите подароци од Општина Штип и тоа во топла и празнична домашна атмосфера. Надменоста, суетата и потребата за самоугодување нема да ги осудувам. Овој ден го посветувам на убави работи и добри дела, како што е ред и како што нѐ учи христијанската религија!
Христос се роди!
Навистина се роди!