Денеска заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со дел од кабинетот посети два клона од детските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири Трена“, по повод Недела на детето.
Оваа година Неделата на детето се одбележува во поинкави услови, односно во услови на светска пандемија.
Општина Штип на двете детски градинки им подари ваучери по 10.000 денари за набавка на реквизити за дечињата.
„Денеска сме во посета на двете детски градинки по повод Неделата на детето. Во услови на светска пандемија можам да потврдам дека детските градинки се на ниво на задачата и ги почитуваат и практикуваат мерките и протоколите за заштита на здравјето,“ истакна заменик градоначалникот Миланов.
Општина Штип досега инвестираше во реконструкција на постоечките објекти на детските градинки, а исто така и во изградба на комплетно нова детска градинка за зголемување на капацитетите.