За прв пат во Штип ја пречекавме амбасадорката на Кралството Шведска Н.Е. Кристен Форсгрен Бенгстон.
Фокусот на средбата беше за екологијата, заштитата на животната средина и енергетската ефикасност, Шведска е светол пример за градење на вистински вредности.
Градоначалникот Д-р Сашко Николов истакна:
” Со амбасадорката имав пријатен и конструктивен разговор. Шведска е земја од која може многу да се научи и се согласивме да ја продлабочиме соработката. Разговаравме за предизвиците со кои се соочуваме во борбата против Ковид 19 и за масовната вакцинација која започнува и кај нас. На амбасадорката и ги предочив моите видувања како ќе го решиме проблемот со социјално ранливите категории на граѓани “