Во рамките на Програмата за еднакви можности на жените и мажите за 2021 година предвидена е активност – едукативни предавања за спречување на насилство кај малолетни лица. За реализација на оваа активност инспектори од Одделението за превенција во СВР Штип, одржуваат предавања во сите основни училишта во општината.
Предавањата се на тема малолетничко насилство или булинг, и имаат превентивен карактер со цел спречување на појава на насилство кај малолетниците. Предавањата се наменети за ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одделение бидејќи праксата покажува дека децата на оваа возраст повеќе покажуваат насилно однесување. Претставници на ЕХО им презентираат на учениците плакати изработени од ученици во основните училошта на кои се претставени сите видови на насилство кај лица помлади од осумнаесет години.
Во нашата општина нема зголемување на бројот на бројот на насилно однесување што е потврда на оправданоста и бенефитите од оваа и слични вакви превентивни активности.