Градоначалникот на Општина Штип,по повод одбележувањето на 3ти Декември-Меѓународниот ден на лица со попреченост, ги посети институциите и организациите кои работат со овие лица.На сите институции им додели вредносен ваучер од 6.000,00 денари како една скромна поддршка.
Градоначалникот го посети Државното средно училиште за образование и рехабилитација ,,ИСКРА,,, каде што истакна дека одговорноста на локалната власт е голема, со тоа што инфраструктурно ќе им се овозможи полесен пристап како и активно вклучување на пазарот на трудот.