Со моќната порака “Се бориме за леб, но се бориме и за рози!”, денес со симболичен гест беше одбележан Меѓународниот ден на жената.
Заедно со Здружението “Гласен Текстилец”, црпејќи инспирација од почетниот активизам на жените за унапредување на нивниот семеен и професионален живот, на ѕидот во парк К’ртеке беше нацртан мурал.
Овој мурал го претстсвува гласот на текстилните работнички, кој бил првиот импулс на женската борба за рамноправност, кој направил ехо од кое сите мајки, девојки, работнички, докторки, продавачки, професорки, службенички, уметнички, земјоделки, спортиски, политичарки…
Општина Штип им посакува среќен празник на сите жени, музи, инспирации!