Денеска се одбележа 79 години од бомбардирањето на Штип во втората светска војна, од страна на фашистичкиот окупатор.
Поради вонредната состојба и ситуацијата со вируост Ковид 19, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски придружуван од двајца членови на Сојузот на борци во Штип, положија цвеќе пред споменикот кај Народниот театар.
„Пред 79 години градот бил нападнат од фашистичкиот окупатор, од германските борбени авиони коишто го уништиле градот и имало многу човечки жртви.
Изразуваме почит кон оние кои ги дале своите животи во минатото, со една единствена цел, да имаме слободна, независна и суверена држава, тоа што го денеска имаме,“ изјави Бочварски.
После 79 години од бомбардирањето на Штип, денес нашата земја е членка на НАТО алијансата, најсилниот гарант за стабилноста и безбедноста на државата.