Денеска делегација од Општина Штип, предводена од заменик градоначалникот Јане Миланов положи цвеќе по повод 11 октомври, на спомен обележјето кај тврдината Исар.
11 Октомври е продолжување на слободарските традиции проникнати во силниот македонски нагон за национално и социјално ослободување.
11 Октомври е пресвртница на една национална историја, на еден народ кој од покорен станува непокорлив.
“Денес, упатуваме честитка од ова мала, но убава земја – полноправна членка наНАТО, со трасиран пат кон европското семејство, од престолнината на Истокот и во името на Општина Штип,” истакна Миланов.