Нов вандалски чин во Штип, непознати сторители извршиле брутална сеча на дрвја, во населбата Дуизлак во близина на црквата “Св. недела”. За кратко време, ова е втор инцидент.
Првиот беше со кршењето на канделабрите, сега со несовесната сеча.. Заштитата на животната средина е меѓу приоритетите на нашата општина.
На терен од завчера е излезена екипа, која врши увид. Инспектори, радари, шумска полиција, веќе подготвуваат извештај за овој вандалски чин.
Ќе поднесеме соодветна пријава против непознат сторител, а случајот веќе е пријавен во полиција.
Општина Штип апелира до сите граѓани, доколку некој забележал или ги видел луѓето кои се дрзнале на ваков чин да ги пријават. Вакво вандалски однесување е за секаква осуда и за сторителите нема да има милост.