Денес градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов и Правната клиника на Правниот факултет при Универзитет “Гоце Делчев”-Штип потпишаа Меморандум за соработка.
Со потпишување на овој меморандум, се воспоставува соработка со цел меѓусебна координација, планирање на активности и нивна реализација. Преку нивна реализација ќе се обезбеди бесплатна правна помош, како и промовирање на полесен пристап до правда. Градоначалникот истакна дека ваквите меморандуми се многу корисни и продуктивни за полесно и потранспарентно решавање на проблемите на граѓаните.