Со одлука на Советот на Општина Штип од 11 март 1997 година сите материјални и нематеријални вложувања од ЈП “Фортуна” се пренесени на ЈП “Исар”. Јавнното претпријатие за комунално-производни и услужни работи „Исар”е основано заради вршење на стопански дејности од комуналната област од јавен интерес, а која е незаменлив услов за живот и работа на граѓаните, правните лица и државните органи на територијата на Општина Штип.

Правна форма: Ј.П. за комунално производни и услужни работи
Дата на основање: 11.03.1997год.
Адреса: ул.”Г.М.Апостолски”бр.37 Штип;Р. Македонија
Тел./факс: +389 32 391 125; +389 32 391 125; +389 32 390 477
Основач: Општина Штип

Производството и дистрибуцијата на вода и одведувањето на отпадните води во целокупната дејност на ЈП Исар учествува со 71,58%, изнесувањето и депонирањето на отпадоци и чистење на јавно – прометни површини учествува со 18,59%, одржување на зеленило учествува со 3,40%, а останатите дејности со 6,43%. Од вкупно 43.000 жители на градот на водоводната мрежа се приклучени околу 95%, додека на канализационата мрежа се приклучени околу 90%.

Дејности – Водовод и канализација

РЕ Водовод и канализација ги извршува следните дејности од јавен интерес: производство и дистрибуција на вода за пиење и одведување на отпадна вода. РЕ Водовод и канализација врши редовно снабдување на град Штип и приградските населби Три Чешми и с. Караорман, како и селата Драгоево и Долани. Одржувањето на овие системи е континуирана активност што ја извршуваат вработените по предходно изработениот план. Оваа работна единица врши оддржување на постоечката главна и секундарна канализациона мрежа во градот и приградска населба Три Чешми. РЕ Водовод и канализација извршува и работи кои се сврзани со проектирање, изградба и реконструкција на системот за водоснабдување и на системот за одвод на отпадни води.

РЕ Комунална хигиена ги извршува работите од областа на изнесувањето, транспортирањето и депонирањето на комуналниот цврст и технолошки отпад во Општина Штип како и одржувањето на јавната чистота во општина Штип.

– Собирање на отпадот

Собирањето на комуналниот цврст и технолошки отпад ќе се врши во специјални садови и тоа:

– 5 контејнери со запремнина од 1,1м3 распоредени во централното градско подрачје

– 205 контејнери со запремнина од 5м3 распоредени на територијата на град Штип и во индустриската зона

– Канти за смет од 80л распоредени на физичките лица.

– Изнесување на отпадот

Динамиката на изнесувањето, транспортирањето и депонирањето на комуналниот цврст отпад е изготвена во зависност од густината на населението, количината и условите за изнесување на истиот. Физичкиот обем на задачите е дефиниран преку регистрирањето на стамбените, дворните и индустриските површини како и предвидените превозни средства со кои се извршуваат работите. Димензионирањето на работната рака е извршено врз основа на просечните норми и преку снимањето на работните дневни задачи и утврдување на норми.

 Депонирање на отпадот

Депонирањето на отпадот се врши на градската депонија за комунален цврст отпад која се наоѓа во месноста Трештена скала. Во согласност со опреативниот план на ЈП Исар – Штип за добивање на А интегрирана еколошка дозвола за 2009 година.

– Погребална служба

– врши погребни услуги,
– уредување и одржување на гробиштата,
– изградба на надгробни споменици.

– Возен парк

Секторот возен парк при ЈП „Исар” – Штип располага со:

– 35 редовно вработени лица
– 11 лица вработени по договор од кои
– 1 раководител
– 3 референти
– 1 одговорен механичар
– 31 возач
– 3 механичари
– 1 електро механичар
– 3 бравари
– 1 перач и
– 2 општи работника.

Пазар и наплатна служба

– Наплата на Пазарните услуги

– Резервација на Продажни места

– Одржување на хигиената на пазарот

– Обезбедување на имотот на Пазарот

– Авто пазар

РЕ Зеленило

ЈП „Исар“ Штип преку РЕ Зеленило и спортски објекти ја извршува дејноста уредување и одржување на паркови, зелени и рекреациони површини и одржување на спортски објекти.
– Јавни градски паркови, дрвореди, скверови, тревници, цветни површини, излетнички места и приградски пошумени реони и појаси се групирани во 8 реони.

 

Бања Кежовица со хемиско чистење

РЕ „Бања Кежовица“ во рамките на своите активности ги врши следниве основни дејности:

– обезбедува услови за бањско капење на граѓаните;

– ноќевање и престој на гости во сопствени сместувачки капацитети;

– перење и пеглање на постелини и секаков вид облека;

Во делот за бањско капење бањата располага со женски и машки општ дел со соблекувални и 15 посебни туш кабини. Сместувачкиот дел располага со 12 соби со вкупнао 32 легла и општа кујна со трпезарија. Комплексот располага и со сопствена перална и машина за пеглање кои се користат за сопствени потреби.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:

тел. +389 32 391 125 | +389 32 391 157
факс. +389 32 392 671

kontakt@jpisar.com.mk | www.jpisar.com.mk