Општина Штип во рамките на подготвувањето на програмата за Јубилејното 40-то Штипско Културно Лето објавува повик до сите заинтересирани за пријавување на проекти-програми од областа на културата кои одговараат на традицијата и реномето на оваа најстара манифестација. Пријавувањето се врши со Пријавен лист (формулар) кој пополнет се доставува со архивата на Општина Штип најдоцна до 15. април 2025 година. Штипско Културно Лето и оваа година ќе се реализира во вообичаениот термин од последната недела од јуни до крајот на јули.
За детални информации: 078 47 26 99.
⇓ Пријавен лист за Штипско Културно Лето 2025