Ја одбележавме 78 годишнината од депортирањето на штипските Евреи.
По тој повод делегација од Општина Штип, претседателката на Совет на Општина Штип, Марјана Рогожарска Поповска, советници, сојузот на борците, АРМ, здружение на пензионери и претставници од Евреите положија цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и еврејските гробишта во Штип. Претседателката на Совет на Општина Штип одржа говор.