Во рамки на глобалната кампања „16 Дена активизам за борба против насилство врз жените и девојчињата“, на 28 ноември 2025 година во салата на Советот на Општина Штип се одржа панел дискусија на тема „Емпатија, правда и поддршка на жените – жртви на насилство“.
Настанот беше во организација на НВО ЕХО од Штип, во партнерство со Општина Штип, а беше поддржан и од НВО „Гласен текстилец“ од Штип.
Панел дискусијата ја отвори градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов кој испрати порака дека не смее да се молчи пред насилството и дека координираниот пристап на институциите значи поголем успех во справувањето со оваа несакана појава во заедницата.
Пред почетокот на панел дискусијата, присутните беа во можност да погледнат краток филм во кој со промена на улогата на мажите и жените се поттикна размислување и дискусија на присутните.
Говорнички на дебатата беа:
- Бети Пејева, претседатлека на здужението ЕХО од Штип;
- Билјана Андонова, адвокатка на ЕХО, специјализирана за застапување на жени и деца , жртви на насилство;
- Кристина Ампева, претседателка на НВО „Гласен текстилец“ од Штип;
- Снежана Санева , координаторка за еднакви можности на Општина Штип.
Овие 16 дена се потсетник дека насилството не е „лична работа“. Тоа е општествен проблем кој ја загрозува стабилноста, напредокот и вредностите што ги градиме. Секој пријавен случај е чин на храброст, мала победа. Секоја рака што нуди поддршка е чин на човечност. И секој ден кога зборуваме за насилството е чекор поблиску до заедница без страв.
Не смееме да заборавиме дека секоја жртва која излегла од насилна ситуација не е само бројка во статистиката – таа е нечие дете, родител, колешка, сосетка. Нашата поддршка може да направи разлика меѓу очај и надеж меѓу страв и слобода.
Штип има сила да биде пример – град каде жените и девојките ќе живеат слободно и безбедно. Град каде институциите реагираат на време, Град каде граѓаните се сојузници во борбата против насилството. Град кој не оправдува, не игнорира и не премолчува. Во овие 16 дена – а и по нив – да бидеме гласот кој охрабрува. Да бидеме поддршката која спасува. Да бидеме луѓето кои веруваат дека секој има право на живот без страв. Да ја развиваме општина Штип како место каде нема место за родовобазирано насилство, каде еднаквоста е реалност, а човековото достоинство е највисока вредност.
Општината, заедно со Комисијата за еднакви можности работи на прашања кои се поврзани со еднаквиот третман на жените и мажите, и делува во воспостваување на принципот на родовата еднаквост како една од значајните демократски вредности на општеството.
Во оваа прилика би сакала да искажам благодарност за соработката која од 2018 година ја имаме со ЕХО. Нивната работа и посветеност се пример како треба да функциоанира невладинот сектор во борба против овој вид на насилство кој се повеќе ја загрижува целата заедница. Нивната неуморна работа во изнаоѓање на различни начини за помош и поддршка на жртвите е за секоја почит. Формирањето на Мултисекторскиот тим за борба против РБН е нивна иницијатаива која доведе до подобра координација на сите засегнати институции кои го третираат проблемот. Бројните обуки кои беа во нивна организација доведоа до зајакнување на капациететот на институциите на локално ниво, подобра соробатка и меѓусебно поврзување што е од големо значење за ефикасноста во делувањето. Граѓанските организации како ЕХО Гласен текстилец и слични на нив даваат голем придонес во подобрување на заштитата на жените во секој поглед. Затоа, сметам и искрено се надевам дека и во иднина ќе продолжи нашата меѓусебна соработка и заложби за подобар живот на сите граѓани во заедницата, истакна координаторката за еднакви можности Санева.
https://www.facebook.com/photo?fbid=1269757665182779&set=pcb.1269759201849292







