Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски како командант на Општинскиот Штаб за заштита и спасување прими донација од 100 пакети од ЕТЦ Елкос.
Овие пакети содржат прехранбени продукти и средства за дезинфекција и ќе бидат донирани на граѓаните на кои им е најпотребно.
„Сакам да упатам голема благодарност до Елкос како општествено одговорна компанија која до Општинскиот штаб за заштита и спасување донираше 100 пакети.
Со овие пакети ќе излеземе во пресрет на граѓаните и ќе овозможиме велигденските празници да ги поминат во нормални услови,“ изјави градоначалникот Бочварски.
Менаџерот на оваа општествено одговорна компанија потенцираше дека ова е една помош и солидаризирање со институциите кои секојдневно водат битка со овој вирус.