Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов, со донација на вода и свежо овошје се вклучи во одбележувањето на Божикните празници во организација на ,,Бадникови поворки”.
За таа цел, денес заедно со претставници од ,,Бадникови поворки”, градоначалникот со хуманиот гест уште еднаш ја искажа личната поддршка кон своите колеги – медицинскиот персонал од Инфективното одделение во Штип, а упати и желби за подобро здравје на сите пациенти.
Од страна на претставниците на ,,Бадникови поворки” беа предадени Божикните честитки за персоналот и пациентите во Ковид – центарот во Штип во знак почит и можност за честитање на Божикните празници. Заедно со честитките, од страна на ,,Бадникови поворки” се доставија.
Бадникови колачиња, како и вода и овошје, обезбедени во соработка со приватниот сектор.
Инаку, Божикните честитки се собираа на Пунктот за Божикни честитки во дворот на Црквата ,,Св. Никола” во Штип. Во акцијата за собирање на честитките се вклучија многу деца, возрасни, здруженија, установи и формални и неформални групи граѓани.
Ова е четврта година по ред како Здружението ,,Бадникови поворки” во соработка со Брегалничката епархија и со поддршка на Општина Штип реализира активности по повод Божикните празници.