Денес Општина Штип додели 95 таблети на ООУ “Гоце Делчев” кои ќе бидат распределени на ученици чии семејства спаѓаат во социјално ранливите категории, со цел да се обезбеди непречено следење на наставата.
Огромна благодарност за АД “Макпетрол” за донацијата во вредност од 600.000,00 денари кои во овие тешки моменти покажаа огромна општествена одговорност.
Досега во ова училиште се обезбедени и донирани над 100 таблети и со оваа количина ќе бидат покриени потребите на сите ученици за непречено следење на наставата.