Здрава, чиста и зелена околина е должност на секој еден! Со максимална поддршка и со заеднички сили Општина Штип заедно со ЈП Исар, како и со помош од нашите пријатели од градежните претпријатија, успеавме да ја исчистиме депонијата во Штип!
Завршен е тендерот за обезбедување на депонијата и започнуваме со оградување! Ќе се воспостави контрола за влез и излез во депонијата! Ова не е седумдневна акција, ова е начин на функционирање на Општина Штип. Апелираме до нашите сограѓани да ги почитуваат законите и мерките, да си ја почитуваме животната средина.