Започна изградбата на дел од локалниот пат с.Кошево – с. Почивало.
Денеска се асфалтирани 500 метри, а работите за целосна изградба продолжуваат. Оваа инвестиција во вредност од 2,6 милиони денари е заедничка на Агенцијата за финансиска подршка за земјоделство и рурален развој и општина Штип.
Продолжуваме понатаму со капитални инвестиции и вложувања во инфраструктурата кои треба да го олеснат движењето и на луѓето од овие села, а истовремено и да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.