Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов во село Лакавица изврши увид во градежните активности за поставување асфалт на пристапната улица кон училиштето.
Градоначалникот изјави дека освен асфалтирањето на улици ќе се отпочне со подготвување на проект за инсталирање на канализациона мрежа, која е неопходна за нормално функционирање на тамошните жители.