Од 3 до 5 јули во Охрид се одржа тридневна работилница наменета за координаторите / координаторките за еднакви можности во општините. Работилницата беше на тема „Преглед и проценка на реализирани родово одговорни мерки во програмите на општините“. Истата беше организирана и поддржана од UN Women, Тело за жени на Обединетите Нации.
Покрај препознавање на родовите наративи, општините ги презентираа реализираните родово-одговорни мерки во текот на 2024 година. Со оглед на фактот што во пролеттаво Република Македонија се одржаа парламентарни избори, дел од активностите беа одложени, така што истите ќе бидат завршени до крајот на тековната 2024 година.
Општина Штип во текот на 2024 година спроведе активности и проекти кои по својата природа се родово одговорни и корисни за мажите и жените, односно за момчињата и девојчињата во општината. Акцентот беше ставен на Програмата за образование за 2024 година која е една од првите програми во кои се воведоа родови индикатори. Целта е да се покаже дали момчињата и девојчињата во образовниот процес се еднакво застапени и опфатени со одредени мерки и проекти.
- Беа воведени униформи за ученици од прво до петто одделение. Се прават пресемтки дали може да се воведе бесплатен оброк за учениците од септември 2024 година. Во јули се прават пресметки за бројот на униформи кои треба да се набават во сптември на почетокот на новата учебна 2023/2024 год.
- Се реализираа обуки за булингот и врсничкото насилство, како дел од камапањата на општествено одговорни компании, учествуваа 180 ученици од 5 основни општински училишта.
- Во јуни се избраа првенци на генерацијата во основните и средните општински училишта. Во 5 основни училишта, беа номинирани и прогласени за првенци на генерацијата 2 девојчиња и 3 момчиња, а во 4 средни општински училишта, беа номинирани и прогласени за првенци на генерацијата 3 девојчиња и 1 момче. На учениците им беа доделени ваучери од 5.000 ден.
- Во март и април се одржа манифестацијата „Денови на училишен спорт “. Во манифестацијата учествуваа три средни општински училишта. Беа организирани натпревари во футсал за момчиња и натпревари во одбојка за двојчиња, согласно покажаниот интерес за овие два спорта.
- Наградување и стипендирање на ученици по постигнати значајни резултати на државни и меѓународни натпревари.
- Стипендии од две илјади денари за децата во прво одделение кои се попреченост во психо-физичкиот развој.
Во Програмата за локален економски развој беа планирани и се реализираа повеќе проект кои имаат родовосезитивен карактер:
- После завршување на изборниот процес во државата, согласно Програмата за ЛЕР, беше распишан јавен повик за граѓанските организации да аплицирааат со свои проекти, со цел да добијат финансиски средства . Вкупниот износ на средства кои ќе бидат доделени е 1.500.000 ден. Изборот на проектите се врши согласно претходно подготвена Методологија според која се доделуваат поени за одредени исполнети критериуми Во методологијата еден од критериумите кој носи дополнителни поени е условот проектот да е родовосензитивен.
Инфраструктурни проекти од Програма за ЛЕР и Програма за уредување на градежно земјиште.
- Беа поставни детски игралиште со реквизити за најмалите во населбите Дузлачки Рид, Пролеќе, Света Недела и на ул. „Васил Доганџиски“ и ул. „Пиринска“, 2.596.000 ден.
- Беше изградена памп патека во населба Баби, која ја користат и момчињата и девојчињата од населбата, која чини 3.962605 ден.
- Беа изградени и реконструирани повеќенаменски спортски игралишат во повеќе населби со цел еднакви можности и пристап во практикувае на здарвиот начин на живеење и тоа во населбите: Железничка, Балканска, Автокоманда, Дузлачки Рид, Кадидере. Проект вреден 4.846.000 ден.
- Изготвена е проектна документација за изградба на нова детска градинка во нас. Пребег. Планирено е да има опфат на 60 деца со што ќе се помогне на многу родители да обезбедат здрав психо-физички развој на нивните деца. Начин на финансирање : Буџет на Оштина Штип, во соработка со МТСП. ( 422.440 ден.)
- Во рамки на проектт „Зелена енергија за подобра иднина“ беше направена реконструција и поставување на фотоволтаични панели на клон на Детска градинка „Вера Циривири Трена“ , во населба Автокоманда. Вредност 200.000 евра од кои 100.000 се обезбедени од Република Словенија, преку Центарот за меѓународна соработка и развој на Словенија, а другите 100.000 од буџетот на општината.
- Поставени се две монтажни катни гаражи со капацитет од околу 80 возила (вредност: 4.456.425 ден.) со цел намалување на огромната потреба за простор за паркирање на возилата на граѓаните кои живеат во централното градско подрачје како и за ослободување на улица „Ванчо Прке“ и нејзина трансформација во шеталиште. Ова е родовосензитивен преокт кој ќе овозможи повеќе простор за шетање на родителите и децата во центарот на градот. Во тек е пробен период за да се утврди дали оваа улица ќе профункционира како шеталиште.
- Во населбата Железничка беше поставена водоводна и канализациона мрежа со што жителите на оваа населба добија квалитетно водоснабдување.
- Изградба на нова и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа на голем број улици, согласно Програмата за уредување на градежно земјиште и Програмата на ЈКП „Исар“
- Партерно уредување пред ООУ „Гоце Делчев“
- Изградба на конзоли над река Отиња во центарот на градот (пред Основен суд Штип), со што се заврши изградбата на вакви конзоли над целото речно корито во центарот на градот. Овие конзоли овозможија проширување и изградба на тротоарите во самиот центар на градот со што се овозможи полесно и побезбедно движење на луѓето, на лица со хендикеп, мајки со колички, помали деца итн.
- Осветлување на кеј на реката Отиње со што се доби поголема безбедност на граѓаните (посебно жените) во вечерните часови, а секако и модерен урбан изглед на кејот на реката.
- Изградба на голем број тротоари на улиците
Согласно Програмата за детска и соцјална заштита,
- Во населбата Три Чешми се направи адаптација на дел од просторот на подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ за отварање на детска градинка. Беа преуредени простории за обезнбедување напредучилишен престој на децата во рамки на ЈУДОДГ „Вера Циривири Трена“. Капацитетот за сместување е 25 деца од една хетерогена група од 2-6 годишна возраст. Вредност на проектот 1.548.564 ден.
- Давање на сервисни услуги – помош и поддршка на стари и изнемоштени лица во нивните домови од страна на мобилни тимови формирани од волонтери од Црвен Крст. Општината обезбедува взило со цел носење на волонтеритево домовите, набавка на лекови, храна, обезбедување на шалтерски услуги и сл. Последниве месеци се опслужуват редовно 3 жени и еден маж.
- Субвенционирање на трошоци за комунални услуги ( вода и собирање отпад) на членови на Здружението на слепи лица. Вкупно 58 од кои 27 жени и 31 маж.
Беа реализирани или се во тек повеќе проекти кои се за подобрување на состојбата на граѓаните ( родителите – мажи и жени) од ромската заедница :
- Преку проект „Проширување на пристапот и вклучување на децата Роми во услугите во ран детски развој кој е финансиски поддржан од Ромски образовен фонд, во реализиација на НВО „Сонце“ од Тетово, а во соработка со Општината и двете детски градинки беа вклучени 40 дечиња, од кои 25 во ОЈУДГ „Астибо“ ( 13 момчиња и 12 девојчиња), како и 15 дечиња (11 момчиња и 4 девојчиња во ЈУДОДГ „Вера Циривири Трена“. Нивниот престој во градинките беше финансиски покриен преку средства од преоктот.
- Дооформување на средно образование на 5 лица од ромска националност (3 мажи и 2 жени) со „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво.
- Подигање на свеста на родители на деца роми за важноста на предучилишното, основното и средното образование. Беа посетувани родителите во нивните домови за да се влијае на родителите да ги запишуаат своите деца во училиштата, и да не ги држат надвор од обраовниот процес. (доставен список на посетени родители на деца од прво второ трето и четврто одделние.
- Изградба на 41 типски куќи за бездомни лица од ромска националност кои поради елементарни непогоди – поплави уште од 2012 година беа сместени во објекти на поранешна Клиникчка болница (Некогашно Одделение за психијатрија). Куќите ќе бидат изградени во населбата Света Недела. Проектот е Грант од Европската Комисија. Обезбедени се локациски услови, уредено е градежното земјиште, изготвен е проектот. Во старите згради живеат 47 семејства, а носители на семејствата (баратели за куќа) се 30 мажи и 17 жени. Од нив 6 се самохрани родители 4 жени и 2 мажи. А има и самци, вкупно 7 од кои 4 се мажи и 3 се жени. Проектот е пред реализација.
- Изградба и реконструкција на краци на две улици во ромска населба : крак на ул. „Панко Брашнаров“ и крак од ул. АСНОМ во населба Света Недела.
Во текот на 2024 година беа собрани родово разделени податоци за:
- Број на вработени во детските градинки- мажи/жени
- Број на дечиња во детските градинки – момчиња/девојчиња
- Број на членови на управни одбори – мажи/жени
- Број на ученици во основни и средни општински училишта-момчиња/девојчиња
- Број на вработени во основни и средни училишта-мажи/жени
- Број на членови на училишни одбори – мажи/жени
- Број на членови на Совет на родители-мажи/жени
- Број на вработени во јавни претпријатија – мажи/жени
- Број на членови на управни одбори на јавни претпријатија- мажи/жени
- Број на членови на надзорни одбори- мажи/жени