Викендов на 26 ноември во спортската сала на СОУ „Коле Нехтенин“ се одржа забавно рекреативна спортска манифестација под наслов „Фудбал за сите“ , во организација на Општина Штип и НВО ТАКТ, Фудбалска академија – Фудбал за сите од Скопје, а со помош и поддршка на бизнис секторот и наставниците по физичо образование од петте основни општински училишта. Манифестацијата имаше за цел да го промовира фудбалот како алатка за покренување на свеста за важност на физичката активност и социјалната кохезија кај учениците.
Настанот се базираше на мали спортски игри кои содржат елементи на фудбал и спорт за психофизички развој.
„Фудбал за сите“ е инклузивна програма, што значи дека секој можеше да учествува без разлика на фудбалскиот/спортскиот талент, родот, етничката припадност или социјален, религиозен или политичкиот статус. Согласно програмата, учество зедоа момчиња и девојчиња од 8 и 9 одделение од централните и подрачните училишта од општина Штип.
На сите учесници на манифестацијата им беа доделени благодарници за учеството од страна на градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов.