Општина Штип ги известува сите правни субјекти и физичките лица дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Закон за даноците на имот како и од Законот за комунална такса(фирмарина) започнува постапка за присилна наплата на ненаплатените побарувања по основ на годишниот данок на имот и годишната такса за фирма (назив на деловна просторија) за 2021 година.
Исто така пуштени се и опомени за неплатен данок на имот до сите физички лица и правни лица, а од наредната недела ќе започнеме со дистрибуција на решенија за присилна наплата на ненаплатени обврски за данок на имот за физички и правни лица.
Во месец јуни и јули Општина Штип ги дистрибуираше решенијата за данок на имот и комунална такса(фирмарина) за 2022 година до сите правни и физички лица кои поседуваат недвижен имот и вршат дејност на територија на Општина Штип. Во месец јули правните субјекти и физичките лица добија и опомени за неплатен данок за 2021 година.
Од причина што рокот во којшто требаше да се изврши наплатата на заостанатиот долг по доставената опомена е поминат по основ на ненаплатениот годишен данок и комунална такса односно фирмарина (назив на деловна просторија) за 2021 година, Општина Штип изготви решенија за присилна наплата кои ќе почне да ги доставува до даночните обврзници.
Физичките и правните лица од овој месец ќе почнат да добиваат решенија за присилна наплата за сите години за кои ги немаат подмирено обврските по основ на данок на имот заклучно со 2021 година.
Им укажуваме на сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, дека треба да ги подмират своите обврски.
Напоменуваме дека доколку по добивањето на ваквото решение не го подмират долгот , ќе се изготви решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.
Воедно ги повикуваме сите оние кои имаат по повеќе објекти во нивна сопственост да достават соодветен документ(изјава,договор за плодоуживање или договор за закуп) со што ќе докажат дека објектите се користат, бидејќи со измената на законот за даноците на имот се зголемуваат стапките на данок на имот за имоти кои не се користат и не се пријават дека не се користат.