На општина Штип и беа донирани 16 лаптоп компјутери. Донацијата исто така вклучува и обезбедување на обука за дигитална писменост за учениците кои ќе ги користат лаптопите.
Целта на донацијата е задоволување на образовните потреби на учениците од социјално ранливи семејства, во процес на дигитализација на образовението. Лаптопите ќе ги користат ученици од социјално ранливи семејства, а училиштата кои се под надлежност на општината, ќе бидат трајни сопственици на уредите.
Донацијата е обезбедена во рамки на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“, имплементиран од ЗЕЛС и НАЛАС – Мрежа на асоцијации на локални власти од ЈИЕ, во соработка со ГИЗ, а во име на Германското Федерално Министерство за економска соработка и развој.
Целта на проектот е зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи за примена на социјални пристапи со крајна цел социјална инклузија на ранливите групи.