На денешната седница на Совет на Општина Штип, а согласно Програмата за активностите на Општина Штип од областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2022 година, донесуваме одлука со која ќе го обезбедиме правото на партиципација, преку покривање на трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, или поточно за деца со попреченост и тоа согласно следнава категоризација:
– пречки во телесниот развој
– интелектуална попреченост
– најтешки облици на хронични заболувања со присутни оштетувања и лимитирани активности,
– оштетен вид
– оштетен слух
– потполно отсуство на говорот, тешко оштетен говор, лице со изгубен или оштетен порано стекната говор,
– аутизам,
– повеќе видови попречености
и за
– деца со ретки болести
Општината активно ќе се заложи за сите категории граѓани, а денешната одлука е само мал дел од она што ќе го реализираме во наредниот период.