Со задоволство ја информираме јавноста дека денеска Општина Штип го доби одобрението за градење за брана на река Отиња од Министерството за транспорт и врски.
Се исплатеа сите напори и трудот кој го дадовме како општина заедно со тимот на проектанти ,тимот кој работеше на ревизија на овој компленсен проект и тимот кој работеше на деталниот урбанистички план.
Општина Штип упатува благодарност за силната меѓуинституционална соработка која ја воспоставивме помеѓу нас и Владата заедно со ресорните министерства, Транспорт и врски, Земјоделство шумарство и водостопанство и Животна средина и просторно планирање.
Деновиве ќе биде распишана постапката за изградба на браната Отиња, која е со висина на круната од околу 34 метри со 3 милиони м3 вода.
Ветувањето кое се провлекуваше низ годините како политичка пропаганда го релизираме за само две ипол години.
Како потсетување за овој капитален проект, досега се даваа само проценки , се потпишуваа меморандуми, а слушавме и декларативни заложби кои не се реализираа повеќе од 40 години.
Токму денес завршува долгото патување низ сите процедури кои не беа реализирани повеќе од 40 години, а започнува постапката за изградба.
Преку вакви капитални проекти кои ги реализираме за општина Штип ја оправдуваме довербата која ни ја дадоа граѓаните и ја подигаме на уште повисоко ниво.
Децениската желба на штипјани се реализира.
Докажавме дека со труд, упорност и посветеност го реализираме овој комплексен проект.