Спроведување на постапката за вработување во Општина Штип

 

Вработување на државни службеници

  • Градоначалникот донесува Решение за утврдување на потребите од ново вработување. Согласно Правилникот за систематизација решението со барање за распишување оглас се доставува до Агенцијата за државни службеници.
  • Агенцијата го објавува огласот во два дневни весника.
  • Агенцијата формира мешовита Комисија за полагање стручен испит за државен службеник. Комисијата е мешовита од Агенцијата и општинската администрација. Стручниот испит се полага во Агенцијата за државни службеници.
  • Градоначалникот формира Комисија за изготвување на ранг листа од кандидатите што го положиле стручниот испит. Комисијата е мешовита од општинската администрација и Агенцијата за државни службеници.
  • Комисијата за утврдување на ранг листата врши интервју со сите кандидати што го положиле стручниот испит. Изготвената ранг листа ја доставува до градоначалникот на Општината.
    Градоначалникот врши избор на кандидатите од доставената ранг листа.
  • Целокупната постапка е регулирана со Законот за државни службеници.

Постапка за прием на административно – технички работници

  • Градоначалникот донесува Решение за утврдување на потребите од ново вработување. Огласот се објавува во два дневни весника.
  • Градоначалникот формира Комисија за утврдување на кандидатите кои ги исполнуваат условите.
  • Комисијата доставува преглед на кандидатите кои ги исполнуваат условите по огласот.
  • Градоначалникот врши избор од пријавените кандидати.
  • Целокупната постапка е регулирана со Законот за работни односи.

Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

 

Лице од општина Штип за обезбедување слободен пристап до информација од јавен карактер е Сунчица Ѓуфтеска.

Може да ја контактирате на телефон 032/22 66 23 или преку е-пошта: suncica.gjufteska@stip.gov.mk.

Закон за локална самоуправа

Закон за спречување на корупција и судир на интереси

Закон за управување со отпад

Закон за јавни набавки

Правилник за начинот на користење на факсимил на градоначалник и секретар на општина Штип