ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за гасификација поради тоа што нивниот ефект во однос на гасификацијата за Штип е еднаков на НУЛА.
Општина штип инвестира во проектирање на гасификација преку три проекти, основен, идеен и инфраструктурен проект, нешто за што ВМРО-ДПМНЕ не ни знаеше дека воопшто треба да се прави.
ВМРО-ДПМНЕ да одговори зошто за два мандати не успеа да направи ниту проект а камоли да изгради гасификација.
Локалната самоуправа за само 2 години ги започна најважните проекти како брана на река Отиња, градски стадион, затворен базен, гасификација, а веќе ја завршивме и пуштивме во употреба новата детска градинка во населба Сењак.