Историски гледано, локацијата во строгиот центар на градот, спроти ООУ „Ванчо Прке” од десната страна на реката Отиња, отсекогаш било на еден начин природна локација за градски плоштад. Локацијата е регистрирана и на некои архивски фотографии, а разликата е во тоа некаде околу 70-тите години Градскиот плоштад е уреден со мермерни плочки. Но забот на времето веќе оставил длабоки траги на Градскиот плоштад што ќе биде реконструиран. Според планот на Локалната самоуправа, уредувањето и реконструкцијата на Плоштадот ќе биде дел од поголемиот проект што ќе опфаќа и реконструкција на улицата „Ванчо Прке“.
Со современата и модерна адаптација, Градскиот плоштад ќе стане пристојно место за посета во Штип, не само за туристите и посетителите, туку и на самите Штипјани.