Околу 70 домаќинства од Чардаклија ќе добијат чиста и здрава вода за пиење, а исто така се создадени услови за приклучување на деловните објекти кои се сместени во индустриската зона “Македонка”, индустриските објекти на “Витаминка” и “Чукоил” и работна зона “Балканска”.
Јавното претпријатие Исар и Општина тип инвестираа во:
Главниот доводен цевковод К1 изведен со проток од 60 литри во секунда во должина од 1.045 метри.
Кракот 4 и 5 за населба Балканска и разводна мрежа во Балканска со должина од 3.300 метри. Вкупната инвестициона вредност е повеќе од 22 милиони денари.
Главен доводен цевковод за с.Чардаклија во должина од 700 метри и вредност од 5.983.042 денари.
Со одлука на Владата, преку Министерството за Транспорт и врски се обезбедени 6.712.625 денари или околу 109 илјади евра за изградба на Крак 2 до населба Македонка, должина од 760 метри и се очекува деновиве да биде распишан тендер.