7 април – Светски ден на здравјето, поминува во знакот на пандемијата и на борбата со невидливиот непријател.
По повод Меѓународниот ден на здравјето, денеска Градоначлникот на Општина Штип одржа работен состанок со мал дел од здравствените работници, доделивме плакети и признанија на здравствените работници од различни одделенија.
Плакети за: Одделение за инфективни болести, одделение за Анестезија, реанимација и интензивна нега. Радиодијагностика, Епидемиологија, одделение за кардиологија, одделение за интерни болести. Центар за јавно здравје. Признанија доделивме и на здравствените работници.
Почитувани здравствени работници, сите вие што сте во првите борбени линии во битката со Ковид 19, Ви благодариме што наоѓате сили за да им помогнете на лицата кои имаат потреба од помош.