Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, за големиот христијански празник Богојавление – Водици, до митрополитот на Брегалничката Епархија, Иларион, и до сите верници од православна вероисповед упати честитка, во која се вели:
„Почитувани сограѓани,
На сите вас кои го чествувате големиот христијански празник, Богојавление – Водици, ви посакувам многу љубов, здравје среќа и пријатни празнични мигови.
Почитта и меѓусебното разбирање се клучната алка за општествениот напредок.
Затоа напредокот на нашата општина и држава се темели на почитувањето и негувањето на сите традиции и култури.
Почитувани сограѓани,
Пожелувам празникот да го поминете во пријатна семејна атмосфера.
Среќен празник!“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.