Градоначалникот на Општина Штип, заедно со Боречкиот клуб Балканец организираа свечен пречек на Европскиот шампион во борење Владимир Егоров, кој го освои златниот медал на ЕП во Будимпешта. Ова е голем успех за македонското борење, посебно за град Штип од кој надалеку оддекнуваат познати и успешни борачки имиња кои со многу тренинг, амбиции и љубов кон борењето сега гордо можат да застанат зад овој успех. Градоначалникот истакна дека искрено се надева на уште многу вакви победи и горди моменти. Тој изјави дека водејќи се од ваквите победи, ветува дека еден од идните проекти за кој лично тој ќе се заложи е изградбата на нова сала наменета за боречкиот спорт.
Искрено им ја честита победата и им посака уште поголеми успеси со кои ќе се гордее цела Македонија како и до сега.